среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 128
home Вести

Николоски: Власта изврши масовен поткуп на предвремените парламентарни избори, злоупотребувајќи ја сопствената позиција

Николоски: Власта изврши масовен поткуп на предвремените парламентарни избори, злоупотребувајќи ја сопствената позиција

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за дневникот на Сител телевизија вели дека на предвремените парламентарни избори власта извршила масовен поткуп злоупотребувајќи ја сопствената позиција.

Излезноста на овие избори беше само 51 процент, најниска излезност на било кој парламентарни избори случени во Македонија. Причина за ниската излезност беше тоа што луѓето беа уплашени од корона вирусот и корона кризата и решија да не излегуваат на гласање. Тоа отвори можност да се случи масовен поткуп онаму каде што власта ја злоупотреби сопствената позиција. Комбинација на ниска излезност и масовен поткуп е нешто што за жал и одговараше на власта, а најбитно за масовниот поткуп е што во Македонија немаше меѓународни набљудувачи, односно имаше многу малку затоа што истите исто така не можеа да дојдат заради корона кризата, и кога сето ова ќе го ставите на купче ќе видите дека менаџираа со
ситуацијата, рече тој.

На прашањето дали тој смета дека се доволни четирите антикризни пакети помош за бизнисот и граѓаните, Николоски посочи:
Би поделил бизнис и граѓани. Во делот на бизнисот годината ја завршува Македонија со некаде скоро 7 проценти пад на БДП што ги дава сите одговори дали помогнало или н на бизнисот и со 40.000 нови невработени. Во однос на граѓаните за жал овие мерки беа злоупотребени. Јас сум сведок во четвртата изборна едница каде што јас бев носител на пример во градот Струмица на еден ден пред изборите, во вторник имаше редици пред банките кога се делеа тие картички и кога јасно беше кажано кој може да ги добие, односно имаше едно народски кажано селектор кој што проценуваше кој гласа за СДСМ а кој не, за така да се делат картичките, и тоа всушност го знаат граѓаните. А на денот на избори поткупот отиде толку високо што на пример во Струмица се плаќаа по 12.000 денари за глас, во Ново Село се плаќаа 9.000 до 10.000 за глас, за Кавадарци имаме информација дека се потрошија преку 200.000 евра за поткуп, а градоначалниците на Дојран и на Василево беа живи фатени делат поткуп, полицијата ги уапси но за жал “независното“ обвинителство сега не ја процесуира таа пријава, иако јасно беше дека беа живи
фатени во поткуп.

Тој додаде дека не само во четвртата изборна единица, туку и во другите градови СДСМ вршела масовен поткуп, изјавувајќи дека во Штип било фатено лице кое во себе имало 500 лични карти се со цел да ги злоупотреби тие гласови. Во Штип имавме акција во која што преку 500 лични карти беа фатени кои што одреден човек ги чувал во џеб со цел да ги злоупотребува тие гласови, во Куманово имавме ситуација каде што резултатот беше 600 и нешто на 10 за СДСМ, што значи сите луѓе таму ја препознале само програмата на СДСМ, а во Битола на Баир преку 700 и нешто гласови за СДСМ на 50, до 60 за ВМРО-ДПМНЕ, веројатно и таму
гласачите ја препознале само програмата на СДСМ, што говори дека наместо да се справуваат со корона кризата, се справуваа односно наоѓаа начин како да ги корумпираат изборите и затоа на крајот на годината Македонија бележи најголема смртност во регионот и за жал 2500 семејства се завиени во црно, 2500 семејства ќе тажат околу Нова година затоа што ги изгубија своите најблиски, нагласи Николоски.

Коронавирус