вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Вести

Николоски: Власта е делигитимирана, а Заев кукавички бегаше да не го одржи зборот за оставката, на крајот мораше да се соочи со јавноста

Николоски: Власта е делигитимирана, а Заев кукавички бегаше да не го одржи зборот за оставката, на крајот мораше да се соочи со јавноста

ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата на 31 октомври однесоа убедлива победа на локалните избори, најголема победа која било која опозициона победа ја освоила на локални избори. ВМРО-ДПМНЕ освои 44 градоначалнички места, а СДСМ само 16, со што комплетно е делигитимирана оваа влада, а Заев најави оставка. Во нормална држава оставката се најавува и се поднесува утредента, а ние се соочивме со ситуација во која Заев сакаше да ја изигра таа изјава, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Стадион“ на Канал 77.

Николоски појасни дека Заев доби рок од 4-5 дена, но бидејќи немаше намера да ја поднесе оставката затоа се иницираше една иницијатива со која требаше се соберат 61 потпис да се изгласа недоверба на владата.

-Главни иницијатори за иницијативата беа од Беса која до скоро беше дел од владата, имајќи предвид дека победија во Тетово, а во Желино на маса се обидоа да им ја земат победата, кај нив постоеше револт.  Потписот на Реџепи е 61-ви и тоа може да се види, потписите се собраа, а после тоа Заев имаше рок да го одржи зборот. Заев кукавички избега и како што ветивме ги поднесовме потписите, истакна Николоски.

Тој додаде дека седницата беше најнормално закажана, единствената индикација дека некој би се премислил беше во однос на друг пратеник Скендер Реџепи за кој се надминаа недоразбирањата, а ништо не покажувало дека некој друг би се премислил

-Ако некој го сменил мислењето најмалку што требаше да направи е да ги информира партнерите за таа работа, за жал видовме како пратеникот не се појави во собранието и видовме ситуација како од латино американски филм, каде веројатно се добила понуда сребро или олово, затоа што друга логика нема.  Се останато не држи. Јавноста е свесна и никој не може да ја потценува, а најголема жртва се тоа е Заев кој иако ја одлагаше оставката на крај не може да оди против јавноста, рече Николоски.

Коронавирус