сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 106
home Вести

Николоски: Власта да не ни помислува да го лажира референдумот во недела

Николоски: Власта да не ни помислува да го лажира референдумот во недела

На крајот сме на кампањата за референдумот, денес сме во скопски Аеродром и Ново Лисиче да разговараме со граѓаните. Атмосферата е јасна. Пораките од граѓаните се исто така прецизни, значајно мнозинство на народот се спротивставува на овој договор. И тоа е она што го чувствуваме од средбите со граѓаните, ова денеска го изјави Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Би сакал да упатам последна порака пред се до власта да не ни помислува да го лажира референдумот во недела. Нити да присилува луѓе да направат нешто што не сакаат да направат, нити да полни кутии затоа што жестоко ќе спротивставиме на тоа. Во недела треба да има едно демократско изјаснување, секој граѓанин самиот да одлучи што ќе прави. И тоа мора да биде испочитувано, и морат да бидат создадени демократски услови истото да биде испочитувано, потенцираше Николоски.

Коронавирус