петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 10
home Вести

Николоски: Владата троши само 8,2 проценти од вкупните расходи за антикризни мерки

Николоски: Владата троши само 8,2 проценти од вкупните расходи за антикризни мерки

Значајно прашање се и буџетските расходи или колку ќе троши владата. Вкупните расходи во ребалансот два, односно вториов ребаланс се за 162 милиони евра повисоки од првиот ребаланс и се на ниво на 4 милијарди и 112 милиони евра. Внимавајте оваа година владата со вака амбициозна претпоставка предвидува дека ќе се реализираат приходи од 3 милијарди и 191 милион евра, додека расходите треба да бидат 4 милијарди и 112 милиони евра односно дупка во Буџетот од околу 960 милиони евра историски највисока дупка во Буџетот. Дупка која треба да ја плаќаат граѓаните, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на собраниската дебата за ребаланс на Буџетот.

Според него владата троши само 8,2 проценти од вкупните расходи за антикризни мерки.

-Вкупната помош, она што е најважно, што не прашуваат граѓаните за трансфери до фирмите за субвенционирање на плати и до население како за картичките кои ги делеше се 307,6 милиони евра, а вкупната помош за антикризните мерки со вториот ребаланс ќе изнесува 337 милиони евра или 8,2 проценти од вкупните расходи. За да не звучи апстрактно. Владата и Заев планираат да потрошат илјада денари, од тие илјада денари од приходи ќе соберат нешто повеќе од 900, значи за 100 денари ќе се задолжат од банки со камата и од други меѓународни кредитори, а кај народот за помош во задржување на работни места и слично ќе вратат само 82 денари. Значи Заев троши илјада денари, но на народот враќа само 82 денари, рече Николоски.

Пратеникот Николоски заклучи дека затоа не треба да се чудиме кога странци даваат извештаи дека Македонија е меѓу последните земји во Европа по процентот од БДП издвоен за справување со корона кризата.

Коронавирус