четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николоски:Услов без кој не може да се оди на лидерска е одредување на датум за предвремени избори

Николоски:Услов без кој не може да се оди на лидерска е одредување на датум за предвремени избори

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Канал 5 вели дека услов без кој не може да се продолжи по однос на лидерска средба што Заев ја бараше е да има определување на датум за предвремени избори.

Имено тој истакна дека Македонија не може да продолжи со оваа Влада на Заев и мора јасно сите граѓани да знаат кога ќе се случат предвремените парламентарни избори.

-За да седнеме на една таква лидерска средба мора прво овие прашања да се затворени и затоа работните групи ќе разговараат. Доколку успеат да постигнат напредок, спремни сме на една лидерска средба да разговараме за предвремени парламентарни избори, потенцираше Николоски во своето гостување.

Тој посочи дека без датум за предвремени избори не може ништо друго да поминеме во Собранието без разлика дали експертските групи ќе се согласат или не.

Коронавирус