понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Николоски: Унгарија реши да и подаде рака на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и од опозиција е спремна да помага

Николоски: Унгарија реши да и подаде рака на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и од опозиција е спремна да помага

Во вклучување во вестите на Алфа телевизија денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна дека Унгарија реши денеска да и помогне на Македонија, тоа се должи на соработката и комуникацијата со унгарскиот премиер, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ е спремна и од опозиција да помага на македонските граѓани.

-Се работи за една важна и пријателска посета, пријателите се секогаш потребни, на маката на народот се познаваат пријателите, за жал Македонија е погодена од оваа пандемија на коронавирусот којашто прави здравствени и економски проблеми, економските проблеми зе огромни, здравствените проблеми се исто така огромни, малку држави се спремни да подадат рака, Унгарија денеска се реши да подаде рака на Македонија, вели Николоски.

Николоски образложи дека посетата на министерот за надворешни работи на Унгарија, Сијарто, прво носи голема хуманитарна помош којашто пред се е насочена кон здравствените работници и кон полицијата, оние коишто се најизложени на оваа криза. И второ со неговото присуство со неговата посета сака да покаже дека Македонија не е затворена, не е изолирана и дека дури и во вакви услови на криза странски државници можат да ја посетуваат Македонија. Воедно Сијарто е прв државник којшто доаѓа во посета во рамките на оваа голема криза.

Тој нагласи дека посетата на Сијарто е резултат на интензивната комуникација меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на нашата сестринска партија од Унгарија, Виктор Орбан, којшто е и премиер на Унгарија.

-Како резултат на таа соработка и комуникација се одлучи да и се помогне на Македонија, вели Николоски за Алфа телевизија.

Николоски посочи дека ова не е помош за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за СДСМ, ниту за било која политичка партија, туку ова е помош за Македонија и македонските граѓани, за медицинските лица и полицијата на кои најмногу им е потребна поддршката.

-Оваа помош денеска и онаа од минатата недела којашто стигна од Словенија којашто исто така е резултат на соработката и лобирање кај сестринската партија СДС од Словенија покажува само дека ВМРО-ДПМНЕ и од опозиција е спремно да помага, истакна Николоски.

Коронавирус