четврток, 4. март 2021. Вести денес: 127
home Вести

Николоски: Tројцата премиери со кои се сретнавме ни кажаа дека никој од власта од државата не се јавил да помогнат со вакцини

Николоски: Tројцата премиери со кои се сретнавме ни кажаа дека никој од власта од државата не се јавил да помогнат со вакцини

На трите места каде што бевме ни одговорија дека ќе помогнат со вакцини но ни посочија дека ниту еден претставник од владата, сепак ние сме опозиција, не се јавил воопшто да побара ниту вакцини, ниту било каква друга помош, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николски при своето гостување во централниот дневник на Сител Телевизија.

Николоски потсети дека на барање на ВМРО-ДПМНЕ, Унгарија и Словенија беа први кои што доствија помош во однос на маски, скефандери, заштитни визири итн. А, тоа беше донирано во март тогаш кога почна пандемијата, а за жал сето тоа беше исмевано од делот од претставници на власта.

„А, еве сега во оваа посета разбравме дека никој од власта не се јавил во овие три држави, а тие се спремни да помогнат. Еве да апелирам да се јават затоа што имаме таму пријатели кои што сакаат да помогнат“, истакна Николоски.

Николоски додаде дека ова што се случува со вакцинацијата е навистина една кататстрофа, мора луѓето да добијат шанса да се вакцинираат, има луѓе кои што сакаат веќе да се вакцинираат. Но, за жал во моментов неспособноста на власта на Заев чини човечки животи.

Коронавирус