четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 110
home Вести

Николоски: Тотални аматери ја водат Македонија, државата е пред здравствено и економско фијаско

Николоски: Тотални аматери ја водат Македонија, државата е пред здравствено и економско фијаско

Системот не функционира, а економијата пропаѓа. Но она што функционира за жал се добрите пи-ар алатки.
Една недела гледаме пи-ар алатки и по три пати појавување на ден со разни информации, но никаква активност, ова преку прес-конференција денеска го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Една недела гледаме како си тераат сопствен пи-ар на грбот на граѓаните, а реалноста е дека ништо не функционира. Претседателот на државата самиот призна дека системот не може да издржи и дека системот ќе колабира. Па јавно прашувам, затоа што не е негова работа да констатира состојби туку да решава состојби што направил од моментот кога сфатил или добил информација дека системот на може да издржи до овој момент? Дали само констатира или решава проблеми? Тој од мај месец оваа година е претседател на државата а не аналитичар и е избран н највисоката позиција во државата за да решава проблеми. Во таа насока вчера без грам чувство ја гледаме Шеќеринска и Димитров како ловат политички поени, а во исто време на Никола Димитров како прв човек на МНР му се заглавени илјадници Македонци по аеродромите и граничните премини низ Европа, а истата Шеќеринска говори за стандарди, а не е неспособна да организира едно прифатилиште во Пеплиште, вели Николоски.

Тој додава дека во исто време да се приземјиме и да видиме каква е реалноста. Јасно е дека не ги бива и се неспособни. Тотални аматери ја водат државата и не можат да се справат со последиците и од економската и од здравствената криза.

Коронавирус