четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 132
home Вести

Николоски: Тоа што Заев, Пендаровски и ДУИ ретерираат околу пописот, докажува дека она што го говориме е точно

Николоски: Тоа што Заев, Пендаровски и ДУИ ретерираат околу пописот, докажува дека она што го говориме е точно

Денеска во Вестите на Канал 5 телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со пописот и ставовите на Заев, Пендаровски и ДУИ, истакна дека нивното ретерирање покажува дека забелешките на ВМРО-ДПМНЕ околу пописот се точни и истите ги наброи.

-Самото тоа што и Пендаровски и Заев, а и ДУИ веќе ретерираат околу пописот покажува дека сето она што го зборуваме во изминатиов период е точно, а тоа дека прво пописот не е статистичка туку политичка операција и дека има јасен коалиционен договор во однос на пописот, а нема стручност, трето дека методологијата која што се користи, односно би требало да се користи за овој попис не е соодветна на европските стандарди, туку е една политика методологија, и четврто исто така значајно во услови на една корона криза и пандемија таа статистичка операција на попис во моментов е невозможна, образложи Александар Николоски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија