вторник, 21. август 2018. Вести денес: 73
home Вести

Николоски: Спроведувањето на Тиранската платформа и договорот со Грција се прави за тотално обезличување на македонскиот народ

Николоски: Спроведувањето на Тиранската платформа и договорот со Грција се прави за тотално обезличување на македонскиот народ

Ние не ја прифативме Тиранската платформа, мислевме дека и СДСМ нема да прифати затоа што имаше тотални небулози, но за жал СДСМ прифати и тоа што сега го гледаме во Македонија е реализација на Тиранска платформа и реализација со Грција за тотално обезличување на македонскиот народ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Правац“ на  српската Пинк 3 Телевизија.

Тој потенцираше дека вештачки се наметнува да се користи албанскиот јазик на цела територија на Македонија и во средини каде нема Албанци е ништо друго туку задоволување на политички потреби и создавање на лажна реалност дека Македонија е двојазична и двонационална држава.

– Тоа што се обидува Зоран Заев заедно со неговиот коалиционен партнер Али Ахмети е да практично го силува македонскиот народ и да се воведе неуставна двојазичност на ниво на цела територија на Република Македонија што е задоволување на политички барања, а не поради практична потреба, од причина што еден Штип нема Албанци, вели Николоски.

Николоски нагласи дека проблемот со тој закон е што Македонија нема попис цели 17 години и не се знаат официјалните бројки,а другата работа е што што денес во Тетово, Гостивар и Дебар па и во Струга слободно може да се користи албанскиот јазик на највисоко ниво, пратениците Албанци во Собранието можат слободно да зборуваат на албански и така и да ги добиваат документите.

– Генерално ние како држава немаме проблем употреба на други јазици. Кај нас има турско, српско и влашко малцинство и секаде онаму каде што има општини во кои што барем 20% од тој народ живее се употребува и нивниот јазик, нагласи Николоски.