вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Со влегување на Заеви во тутунскиот комбинат Струмица целосно ќе се девалвираат вредноста и цената на тутунот

Николоски: Со влегување на Заеви во тутунскиот комбинат Струмица целосно ќе се девалвираат вредноста и цената на тутунот

Состојбата во земјоделието е катастрофална, нема сектор во земјоделието за кое што може да се каже дека е добар. Откупните цени на земјоделските производи се катастрофално ниски, зелената мафија го цица трудот на земјоделците, 5, 6 луѓе во Македонија станаа милионери и живеат богато, на сметка на сите земјоделци кои што не можат да врзат крај со крај, вели Александар Николоски, носител на листа во изборната единица 4 во денешното гостување во Радио Пела.

Николоски посочи дека зелената мафија го јаде трудот и маката на земјоделците посочувајќи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе зададе директен удар и ќе го забрани увозот на тутун во државата се додека не се откупи домашниот тутун.

Имено, таа зелена мафија успеа да излобира во владејачката СДСМ минатата година да се донесат измени на законот за тутун со кои ќе се дозволи увоз на тутун пред да се откупи домашниот тутун и така минатата година се увезе во огромна количина тутун од Бугарија и Албанија. Тоа резултираше со неколку работи, прво илјадници килограми останаа неоткупени. Втората работа на оние кои им беше откупен тутунот беа уценети, прво да прифатат пониска класа, на пример ако е прва класа да прифатат втора класа, и второ не им се купуваше на време при што се случуваше тутунот да калира, да оди вредноста надолу. Годинава јас очекувам да се случат промени на 15 јули, но треба да знаат сите кои што не слушаат ако остане оваа власт ќе има уште поголема катастрофа од основна причина што Македонија годишно произведува од 25 до 27 милиони килограми тутун, вкупната сума на потпишани договори за откуп е 22, што значи дека 5 милиони килограми ќе останат неоткупени оваа година и уште поголема уцена ќе има врз оние кои што ќе го предаваат тутунот и врз однос на цената и врз однос на класата, рече Николоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да го измени законското решение за увоз на тутун, како и отворање на мали и средни претпријатија преку бесплатни обновливи кредити кои ќе значат гарантираат цена и навремена исплата.

-Затоа нашето основно или прво ветување е да се забрани увоз на тутун во Македонија пред да се откупи целокупниот домашен тутун, затоа забраната за увоз на тутун во Македонија ќе значи навремен откуп на домашниот тутун и ќе значи гарантирана цена. Втората работа е директен удар на зелената мафија преку овозможување на отворање на мали и средни претпријатија за откуп кои што од државата ќе имаат на располагање на 200 милиони обновливи бескаматни кредити, како ќе трошат да повлекуваат нови, а ќе имаат два услови, првата е гарантирана цена и второто е навремена исплата. Затоа што еден од проблемите со кои се соочуваат земјоделците е дека парите им стигаат многу покасно, кажа Николоски.

Така што земјоделецот е цицан од многу страни, но тоа доколку државата има волја може да го средни, но доколку нема како што е сега, може да го остави вака отворено. Јас поставив провокација на една национална телевизија а тоа е дека основната причина зошто се направи тоа со законот за тутун е затоа што семејството Заеви влегува во тутунскиот комбинат Струмица. Тие веќе имаат акции таму, но сакаат да го преземат целосно и на овој начин сакаат да ја спуштат цената на тутунот како би можеле и да ја девалвираат вредноста и за без пари практично да ја земаат, обвинува Николоски.

Коронавирус