среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 37
home Вести

Николоски со повик до сите граѓани: Да излеземе пред владата во 20 часот и да им порачаме дека Македонија заслужува подобро

Николоски со повик до сите граѓани: Да излеземе пред владата во 20 часот и да им порачаме дека Македонија заслужува подобро

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, по повод вечерашниот сенароден протест пред Владата на Република Македонија, денес во вестите на Телевизија 24, ги повика сите граѓани кои се револтирани и разочарани од актуелната власт да излезат на протест и да му порачаат на СДСМ и Зоран Заев дека не се согласуваат со погубните и катастрофални политики кои ги спроведуваат цела една година.

Николоски рече дека начинот на кој СДСМ и Заев ги водат преговорите за спорот со името со соседна Грција е на еден аматерски и недоличен начин, бидејќи никој не смее да разговара и да ги продава националните и државните интереси на граѓаните на Република Македонија.

Тој додаде дека досега надвор од двете лидерски средби немале дополнителни информации и дека се што знаеле го добивале како информација од медиумите.

Потпретседателот Николоски за најавениот протест истакна дека се одржува поради лошата политичка и економска состојба. Како што рече тој една година СДСМ е една година уназадување на државата.

Николоски потсети дека нема покачување на платите, на пензиите, нема младинска гаранција и подобар стандард за граѓаните, нема поголеми субвенции за земјоделците. Односно дека СДСМ се што вети за се ги излажа и изманипулира граѓаните.

-Очекуваме бројка од 50.000 граѓани јасно да излезат и да го искажат револтот на едногодишното владеење на оваа влада на Заев. Во овие една година имаме економско уназадување, пензиите се намалуваат, платите одат надолу, најспособните луѓе се иселуваат, немаме јасен економски раст и во исто време се распродаваат националните интереси и имаме една политика на попустливост, целосна реализација на Тиранската платформа, вели Николоски.

Коронавирус