вторник, 26. септември 2023. Вести денес: 52
home Вести

Николоски со потсетување на дуелот со Шекеринска во кој цела вечер не знаеше да каже на кој датум ќе започнеме преговори

Николоски со потсетување на дуелот со Шекеринска во кој цела вечер не знаеше да каже на кој датум ќе започнеме преговори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку видео објавено на Фејсбук од неговото гостување со Радмила Шекеринска од СДСМ потсетува дека уште во минатото Заев и Шекеринска не знаеле на кој датум ќе започнат преговори со ЕУ иако ја манипулираа јавноста дека тоа ќе започне во секој момент.

-РЕТРО потсетување на еден антологиски дуел со Шекеринска во кој цела вечер не знаеше да каже НА КОЈ ДАТУМ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ. Не знае ни Шекеринска ни Заев. Ни денес не знаат затоа што датум за преговори нема! 4 години го лажат народот! 4 години лаги, криминал и корупција! Затоа нема преговори!
Време е за ОСТАВКА! Заев е виновен!
Погледнете, стои во неговиот пост на Фејсбук.