четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 11
home Вести

Николоски: Со ова ниво на реформи и следната година Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ

Николоски: Со ова ниво на реформи и следната година Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ

Интеграцијата во ЕУ станува далечен сон. Сакам јавно да предупредам преку овие редови дека Македонија доколку продолжи со ова ниско ниво на реализирани реформи, за жал, и следната година во јуни нема да добие датум за почнување преговори за членство во ЕУ! Без разлика на промената на името, ниското ниво на реализација на реформи во моментов е главната кочница Македонија да оди напред кон ЕУ, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својата најнова колумна за Независен.

„Јас преку овој простор што го имам во „Независен весник“ и пролетта предупредував дека, дури и Владата и Заев да се согласат да го променат името, нема да добијат датум доколку не реализираат реформи и кажав дека процесот намерно се кочи за Македонија и Албанија да се во иста група Тогаш ми беше одговарано дека е тоа научна фантастика, но, за жал, таа научна фантастика стана реалност веќе во јуни кога Заев потпиша промена на име ама не доби датум за преговори“, додава Николоски.

Вели дека сака да остане запишано дека седум месеци порано предупредува дека ако продолжи вака Македонија со ниско ниво на реформи, иако со променето име во Северна, понижена и ставена на колена, пак нема да добие датум за почеток на преговори во јуни 2019.

-Ќе бидам најсреќен доколку владата и Заев ме демантираат со својата работа и ова не се случи. Тоа ќе е добро за Македонија. Но како што сега стојат работите – многу тешко!, потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својата колумна објавена во Независен.

Коронавирус