петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Со македонски пасоши се убивале луѓе и се пренесувала дрога, затоа ова е најголемата крими афера под диригенство на највисоките структури од власта

Николоски: Со македонски пасоши се убивале луѓе и се пренесувала дрога, затоа ова е најголемата крими афера под диригенство на највисоките структури од власта

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски вечерва во „Јади бурек кај Јанко“, во ТВ Сонце во врска со аферата „Мафија“ и издавањето на македонски пасоши од страна на МВР, истакна дека со македонски пасоши биле убивани луѓе и се пренесувало дрога, од тие причини ова е најголемата крими афера која е директно под диригенство на највисоките структури на власта.

Со македонски пасоши криминалци убивале луѓе и пренесувале дрога, затоа ова е најголемата крими афера, ова не се споредува со местење на тендер, ниту се споредува со криминал од типот некој некому му бил пријател па му учинил во некои министерство или друга институција, ова не се споредува со ниту една местенка којашто сме ја виделе во овие 30 години, ова не се споредува со ништо, затоа што со оваа афера која е под диригенство на највисоките структури на власта, се убиле луѓе директно или индиректно, критикуваше Николоски.

Од тие причини тој вели дека оваа афера е најголемата крими афера видена во историјата на Македонија, па од тие причини раководството на ВМРО-ДПМНЕ, особено претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има закани по живот.

Николоски вели дека нема начин ниту да се процесираат заканите кои стигнуваат затоа што по нив треба да постапи министерството за внатрешни кое им ги давало пасошите на тие криминалци, па истакна дека истите ќе се процесираат само ако се смени власта, а тоа ќе биде за многу брзо.

Овие криминалци со македонски пасоши имаат патувано во многу држави и сето тоа е документирано, дополни Николоски.

Николоски појасни дека на неколку наврати кажал дека тој самиот и претседателот Мицкоски се следени од служби во Македонија, по што нема никаква заврска за истото затоа што треба да се уапсат истите служби самите себе.

Од формално правен аспект овие афери не застаруваат, а истите ни беа доставени од „свиркачи“ за кои не можам да им го откријам идентитетот, тоа се луѓе кои не трпат криминал, појасни Николоски.

Најнови вести

Коронавирус