петок, 25. мај 2018. Вести денес: 10
home Вести

Николоски со честитка до Орбан: Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател

Николоски со честитка до Орбан: Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател

Унгарскиот претседател Виктор Орбан прогласи победа откако прелиминарните резултати од парламентарните резултати покажуваат дека избирачите му дале доверба за трет последователен мандат, и четврти од 1998 година.

Коалицијата на Фидес и помалиот партнер христијански демократи, убедливо победија на изборите и најверојатно освоија двотретинско мнозинство односно 133 од 199 места во парламентот, јавија локални медиуми.

– Обезбедивме историска победа и создаваме можност да ја заштитиме Унгарија, изјави Орбан.

Честитка за големата победа на Орбан, пристигна и од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Честитки за Премиерот Виктор Орбан за убедливата победа изразена со 2/3 мнозинство во број на освоени пратеници, Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател!, напиша Николоски на Фејсбук.

Врз основа на 88,57 отсто гласови коалицијата на чело со Фидес освоила 48,76 отсто гласови, јави државната телевизија.

Лидерите на опиозициските партии поднесоа синоќа оставки по објавување на првите резултати од парламентарните избори.

Според унгарски медиуми, прв поднел оставка претседателот на Јобик, Габор Вона, а потоа и колидерот на партијата ЛМП, Акос Хадази и претседателството на Социјалистичката партија. Јобик според првични резултати освоиле околу 20 отсто гласови и 27 места во парламентот.