понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 99
home Вести

Николоски: Следува инфраструктурна револуција во Централна Македонија и цела 4ИЕ

Николоски: Следува инфраструктурна револуција во Централна Македонија и цела 4ИЕ

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 4 во своето гостување зборуваше престојните избори при што посочи дека тој решил да оди во изборната листа каде што ќе биде Зоран Заев затоа што сака да го победи на домашен терен.

-Јас на пример еве не знам како не се нервира кога си оди дома неколку пати неделно и кога гледа патот од Штип до Радовиш кој што потоа води до Струмица. Три години е застанат таму каде што застана при промената на владата и камен не е ставен. Или како не го нервира во неговото родно Муртино бев скоро таму канализацијата тече буквално по улицата, а тој беше долги години градоначалник на Струмица, а потоа и премиер. Ја имате главната улица од левата и десната страна имате канали кои што не се затворени и низ кои поминува фекалната и атмосферска канализација што е извор на бројни зарази за жителите кои живеат таму. Или не знам како не го нервира тоа што не успеа да почна да работи од Радовиш до Струмица па до бугарска граница. Исто не знам како не го нервира тој беше носител ви ИЕ 4 на минатите избори дека експресниот пат за Прилеп застана каде што застана со промената на владата и немаше никакво поместување, истакна Николоски во своето гостување.

Николоски како носител на изборната единица 4 порача дека сите овие работи ќе ги отвори пред граѓаните и вети една револуција за Централна Македонија која го опфаќа следново:

-Изградба на автопат до Велес преку Бабуна до Прилеп, Битола и грчка граница кој треба да го отвори централниот и јужниот дел од Македонија, доизградба на патот од Штип до Радовиш, продолжување од Радовиш до Струмица и понатака до бугарска граница преку Ново Село што треба да отвори уште една артерија на истокот и на тој начин да може економски да го развиваме центарот и истокот.

Локални избори 2021