среда, 5. август 2020. Вести денес: 8
home Вести

Николоски: Семејството на власт нарачувало на кого да му се запали колата во Македонија, со такви бандити имаме работа

Николоски: Семејството на власт нарачувало на кого да му се запали колата во Македонија, со такви бандити имаме работа

Три години пропаганди, прикаски, вака било, така било. Но, на крај им се врати како бумеранг тоа што за други го зборуваа, кај нив го гледаме. Еве денеска стигнале дотаму коли да нарачуваат да се палат. Семејството на власт нарачувало на кого да му се запали колата во Македонија, со такви бандити имаме работа и затоа ние  потребна масовна референдумска излезност на 15 јули за ние, вие, сите заедно да ја одредиме иднината на Македонија, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 4 Александар Николоски, на средба со граѓаните во Прилеп.

Николоски посочи дека има одлична атмосфера помеѓу граѓаните, истакнувајќи дека секојдневно се приклучуваат над десетици илјади граѓани за обнова на Македонија.

Имаме одлична атмосфера, десетици илјади луѓе ни се приклучуваат секој ден, десетици илјади луѓе ја одбираат обновата, десетици илјади луѓе сакаат Македонија да се исправи после 15 јули да ги направат промените, да дојдат промените и заеднички да си ја градиме Македонија, тоа е порака која стигнува од целата четврта изборна единица, вели Николоски.

Николоски пред прилепчани рече дека не само во Прилеп туку и во цела држава три години колку што се СДСМ на власт се случува само пустош.

За Прилеп гледате и самите, пустош во овие три години колку што овие неработници се на власт. Денеска разговаравме со луѓето од културата, разговаравме со доктори, разговаравме со пензионери, со млади луѓе, и сите истото го кажуваат. Имаше повисоки плати, но сега ги нема, имаше дневници за работа на терен сега ги нема, имаше подобри услови, а сега ги нема, растеше пензијата на секој шест месеци а сега не растат, младите добиваа поддршка за само вработување а сега ја нема. Па ми се поставува едно логично прашање, каде се парите? Буџетот е ист, односно не само што е ист, туку расте од година во година, стигна на рекордни 4 милијарди евра. 4 милијарди евра има Македонија а камен не е ставен три години. Па затоа каде се парите, односно кој ги стопи парите? Одговорот е јасен, семејството, фамилијата на власт, тоа го гледате сите, тоа може да го почувствувате сите, вели Николоски.

Јас дојдов во четворката, затоа што глуми најголем локал патриот, го гледам шета од место на место и зборува како три години да бил во опозиција а не три години да беше на власт. Камен нема ставено во четворката, една работа немаат направено, додаде тој.

Николоски додаде дека кога ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДСМ ќе го промени името на државата, ќе воведе двојазичност и ќе ја продаде историјата, тогаш многу малку веруваа во тоа. Но, како што рече тој еве после три години успееја да го променија името на државата, воведоа двојазичност и каде што треба и не треба, ја продадоа историјата и економски ја уништија Македонија.

Нашата опција е Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ на власт со најстручниот тим до сега, реформирано, подмладено ВМРО-ДПМНЕ, со најдобрите кадри од Македонија и со најдобрите кадри од дијаспората кои што уште сега ги контактираме и веруваме дека ќе сакат да дојдат за заеднички да ја градиме Македонија, нагласи Николоски.

Николоски повика на масовна поддршка, обединување и масовна излезност за ставање на крај на понижувањата, повикувајќи ги граѓаните заеднички да ги направат промените.

Победуваме на 15 јули со масовна излезност, огромна референдумска излезност за да ставиме крај на ова понижување и да ги направиме промените, порача Николоски.

Коронавирус