недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 13
home Вести

Николоски: Секоја интеграција во ЕУ мора да е проследена со сериозни преговори, но и со зачување на македонскиот национален идентитет

Николоски: Секоја интеграција во ЕУ мора да е проследена со сериозни преговори, но и со зачување на македонскиот национален идентитет

Висока партиска делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во дводневна посета на Брисел каде остварени беа голем број средби.

Попретседателот на партијата Александар Николоски по завршување на посетата истакна задоволство што токму првата работна посета на новото партиско раководство била токму во Европската Унија.

Тој како исклучително значајни ги оценува средбите и во Европската Комисија и во Европскиот Парламент.

-Средбите на највисоко можно ниво со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, со комесарот за проширување Јоханес Хан  со Претседателот на Европската народна партија, најголема партија во Европа, Жозеф Дол,Генералниот секретар на ЕПП, тројката пратеници која што е одговорна за Македонија, Вајгел, Кукан и Флекенштајн како и средбите кои што тука денес ги имаме во Европскиот Парламент со пратениците Петерле, Петир и останатите со кои што се среќаваме говорат за силната поддршка која што Република Македонија ја добива за членството во Европската Унија и посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи тој пат, посочи Николоски.

Тој истакнува дека во исто време тој пат треба да значи, подобар живот за граѓаните на Република Македонија, но и на зачувување на македонските национални интереси на тој пат.

-Секоја интеграција во Европската Унија мора да е проследена со сериозни преговори, но и исто така и со зачување на она што се вика македонски национален идентитет затоа што во ниедна форма Македонија не смее да добие членство во Европската Униј,а а граѓаните на Република Македонија да не го чувствуваат тоа како придобивка, напротив да го почувствуваат како нешто друго.  Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе остане силно и посветено на одбрана на македонските национални интереси. На оваа посета алармиравме за застојот во реформите кој што веќе се чувствува со новата влада. Исто така информиравме за тоа што и се случува на Република Македонија од 2009 година до денес кога секоја година од страна на Грција е блокирана и не може да ги отпочне преговорите, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски изрази надеж дека таа блокада ќе се отколони и без разлика што ВМРО-ДПМПЕ е опозиција силно се надеваат дека Рпублика Македонија ќе почне преговори и успешно ќе ги заврши.

-Така што да сумирам ова е прва работна посета на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ со едни одлични и силни средби кои што се од корист пред се на Република Македонија и од тука покажуваме дека како опозиција исто така можеме да и помагаме на Македонија. Силно алармиравме за застојот кој што го прави владата за политичкиот притисок и прогонот кој се случува врз политичките неистомисленици за шесте притворени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и триесетина други притворени за настаните од 27-април, сите оние кои што се под прогон на СЈО и сето она што го прави новата влада како политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека овие пораки ќе бидат слушнати, соодветно адресирани и дека ќе има соодветен одговор од Европска Унија, посочува Николоски.

Коронавирус