среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 130
home Вести

Николоски: Седум пратеници од власта не го поддржаа Никола Димитров, ова е прв чекор во рушење на оваа власт

Николоски: Седум пратеници од власта не го поддржаа Никола Димитров, ова е прв чекор во рушење на оваа власт

Во Вестите на Канал 5 телевизија денеска гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во врска со вчерашната интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров во Собранието, истакна дека седум пратеници од власта не го поддржаа Никола Димитров, па по тоа ВМРО-ДПМНЕ го направило првиот чекор кон рушење на оваа власт.

Клучното прашање кое мислам дека треба да се постави после вчерашната интерпелација е зошто седум пратеници од власта не гласаа за Никола Димитров, имено тој доби само 55 гласови од владејачкото мнозинство, а власта ја сочинуваат 62 пратеници, вели Николоски.

Тој вели дека ова отвора многу прашања во однос на стабилноста на владејачкото мнозинство, па по тоа оваа интерпелација е почеток на реализација на планот на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да резултира со рушење на оваа влада.

-Вчера на почеток на мојот говор потенцирав дека оваа интерпелација на Никола Димитров е почеток на реализација на планот на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата кој што треба финално да заврши со рушење на оваа влада и формирање на нова влада, мислам дека првиот чекор го направивме вчера со тоа што седум пратеници од власта не гласаа за Никола Димитров – посочи Николоски во Вестите на Канал 5 телевизија.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија