вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 105
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Николоски: Се надевам сестринските партии на СДСМ ќе го следат примерот на пријателите на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа конкретна помош

Николоски: Се надевам сестринските партии на СДСМ ќе го следат примерот на пријателите на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа конкретна помош

Се јавуваме кај нашите сестрински партии каде се на власт за да испратат помош зошто Македонија е во очајна ситуација. Фали опрема за медицинскиот персонал, за полицијата, за граѓаните. Ние молиме да стигне помош. И по Словенија и Унгарија за следните очекуваме уште помош од сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ со ови ресурси од позиција на опозиција го направи тоа што Зоран Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче не го прават. Од каде донесоа помош, од никаде. Па се утепаа од сликање со пола влада на Грција, потпишаа договор со Бугарија па барем по едно комбе со помош да пратеа, тоа се две соседни земји членки на ЕУ, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Заспиј ако можеш.

Тој укажа дека симбол за корона кризата е социјално дистицирање, изолација, се затворија и државите. Посетата на минситерот за надворешни на работи на Унгарија, Сијарто е посета на прв официјален претставник од земјка членка на ЕУ. Со тоа што дојде кажаа дека Македонија не е сама. Лесно е да се има пријатели за добро, важно е да ги имаме во ваки ситуации. Се надевам и од сестринската партија на СДСМ ќе го следат чекорот на Унгарија и дека и никој од нив ќе дојде, рече Николоски.

Тој посочи дека од Унгарија се пристигнати 5.000 скафандери и 100 илјади маски, а од Словенија ракавици и маски.

– За жал Филипче освен пресови не направи ништо. Помошта ни е повеќе од неопходна. Прва, фаза е да се надмине ова здравствена криза, втора е економската криза. Овие луѓе ќе ни требаат и во втората фаза, тоа е економската криза која чука на врата. Ние сме мала држава и ние мора да сме свртени кон надвор, ќе ни требаат пријатели од светот. Ние како опозиција како ВМРО –ДПМНЕ можевме да седиме и да кририкуваме, но не ние решивме проактивно да излеземе со мерки и да каниме и пријатели кои еве помагаат и со конкретна помош, рече Николоски.

Коронавирус