сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 42
home Вести

Николоски: СДСМ врши досега невиден притисок врз медиумите

Николоски: СДСМ врши досега невиден притисок врз медиумите

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вчерашното гостување во емисијата „60 минути“ на Алфа ТВ, истакна дека власта на СДСМ врши досега невиден притисок врз медиумите.

-Под сериозен притисок се проопозициски настроени новинари, медиумски куќи критичари на власта преку разни инспекции и кривични пријави, вели тој и додадва:

„Ваква контрола, како што има СДСМ врз медиумите, никогаш немало“.

Според Николоски, речиси и да нема медиум кој не е под контрола на СДСМ, а има и закани кон големите компании да не се рекламираат во проопозициските медиуими.

Поради ова, како што вели тој, се затвораат медиуми, а дел од нив имаат и сериозни финансиски проблеми.

Потенцира дека најцрните практики кои отсекогаш ги имало во медиумите во Македонија и светот, владата на СДСМ сега ги усовршува и надградува.