вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Вести

Николоски: СДСМ се обидува да дебатира за се освен за договорот

Николоски: СДСМ се обидува да дебатира за се освен за договорот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при дебата со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во емисијата 360 на Алсат телевизија го потенцираше фактот  дека СДСМ во својата референдумска кампања воопшто не го споменува како што вели капитулантскиот договор за промена на името. Тој забележа дека власта се обидува да дебатира за се освен договорот. Николоски вели дека целиот договор е проблематичен, но притоа напомена три дела, а го потенцираше воведниот со кој Македонија се откажува од сите претходни победи во таканаречената битка за името.

-СДСМ се обидува да дебатира за се освен за договорот. Ние не слушнавме ниту една суштинска дебата по однос на текстот на договорот и јас би сакал да ја искористиме оваа вечер да дискутираме по однос на договорот. Еве можеме да одбереме кој сака член од договорот госпоѓо Шекеринска и да го исдискутираме. Целиот договор е проблематичен има три аспекти. Тоа е воведниот дел и членовите 7 и 8. Со воведниот дел се укинуваат сите претходни работи кои што Македонија како такви претходно ги стекнала во оваа битка за името. Почнувајќи од времената спогодба, пресудата на судот во Хаг кој што јасно кажа дека Грција не смее да го блокирала членството на Македонија во меѓународни организации, вели Николоски.