четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 226
home Вести

Николоски: СДСМ потфрли со корона кризата бидејќи брза на избори

Николоски: СДСМ потфрли со корона кризата бидејќи брза на избори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при своето јавување на вестите на Канал 5 посочи дека неодговорноста на оваа власт може да ја доведе државата во непријатна здравствена состојба, а за тоа говорат и самите бројки од новозаболени деновиве. Потпретседателот Николоски апелираше власта да се посвети на решавање на проблеми, а не создавање на нови проблеми кои не одат во прилог на Република Македонија.

„Десетици и десетици нови болни и за жал луѓе кои што ја губат битката со корона вирусот мислам дека е недопустливо“, нагласи Николоски.

Николоски се осврна и на изборите при што посочи дека избори во момент кога Македонија се соочува со ваква пандемија која не е видена ниту во светот не треба да има, треба да се почека, бидејќи на прво место секогаш треба да се граѓаните и нивното здравје.

„Македонија за жал потфрла, и не мора со Европа и со светот да се спореди, еве со регионот само да ја споредиме и гледаме колку потфрла. Резултат за жал е ова потфрлање, а причината е брзањето кон избори, затоа што Заев се надева со брзи избори ќе има помал пораз“, појасни Николоски.

Николоски образложи дека на овој начин како што размислува СДСМ дека со брзи избори ќе го намали поразот е неодговорно и нечовечки.

Парламентарни избори 2020