петок, 5. март 2021. Вести денес: 116
home Вести

Николоски: СДСМ на чело со Заев нема никакви инвестиции во енергетиката, само поскапа струја и пљачка на народот  

Николоски: СДСМ на чело со Заев нема никакви инвестиции во енергетиката, само поскапа струја и пљачка на народот  

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во емисијата “Јади бурек” на телевизија Сонце посочи дека она што може да се види како власта на СДСМ ја менаџира енергетиката е само пљачка во тој сектор и ништо друго.

-Единствената новина во РЕК Битола е тоа што таму почнаа да возат камиони со струмички таблици. Значи РЕК Битола им плаќа тие да го превезуваат јагленот. Но, суштината е дека ТЕЦ Осломеј подолго време не работи воопшто, а во РЕК Битола од три блока работи само еден. Што доведува ситуација да не се произведува доволно електрична енергија во Македонија, а и дополнително акумулациите се испразнија. Затоа се празнеа Охридско и Преспанско езеро затоа што тие се поврзани езера. Е сега, Црн Дрим има хидроцентрали и целта е тие да произведуваат повеќе електрична енергија бидејќи овие два гиганта не работат, вели Николоски.

Се испумпа водата и заврши тоа бидејќи долго време беше суша и немаше вода. И тоа значеше дека Македонија треба да увезува струја. Само за споредба, увезената струја чини 60-70 евра по мегават час, додека во Македонија истата се продава некаде околу 35 евра, рече Николоски.

-Значи што се случува. Кога таа струја ја произведува домашното производство таа цена е и под овие 35 евра. Затоа единствената причина што се покачи струјата е тоа што нема доволно домашно производство на струја. И тоа не е малку туку за 10-тина проценти. Ние – ВМРО-ДПМНЕ затоа протестиравме затоа што ова го погодува секој човек секое семејство. Е тоа се случува во енергетиката откако СДСМ и Заев се на власт, дециден е Николоски.

Коронавирус