петок, 14. август 2020. Вести денес: 6
home Вести

Николоски: СДСМ и Заев се радуваат на поздравот од Ципрас, тој пред кој што потпишаа капитулација на Македонија

Николоски: СДСМ и Заев се радуваат на поздравот од Ципрас, тој пред кој што потпишаа капитулација на Македонија

Се радуваат на поздравот од Алексис Цирас, испрати Алексис Ципрас поздрави и ги повикува замислете македонските граѓани да гласаат за оние кои што го сменија името. Јас Ципрас го разбирам, ќе остане запаметен веројатно во грчката историја како еден од најпозитивните ликови во делот на националните интереси на Грција. Веројатно името ќе му го запишат со златни букви во грчката историја затоа што успеа да го постигне тоа што ниту еден грчки премиер пред него не успеа да го постигне а тоа е д го промени името на оваа држава, ова денеска го истакнува носителот на Изборната единица 4 Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ама нашите овдека од СДСМ и од кај Заев да се радуваат на тој поздрав, да се радуваат тој што ги поздрави, тој пред кој што потпишаа дека капитулираат, па јас мислам дека нема поголемо национално предавство и национален срам. Да е трагедијата поголема им се смее во лице и им цитира песни од Блаже Коневски во кои што зборува за смеченото, за згазеното семе, и за глувото семе кое што рти низ Македонија. Тие стихови имаат многу симболика, тие во себе во суштина говорат за таквите какви што не сакаме да владеат за Македонија какви што за ал владеат во овие три години. Но, да се радуваат на тоа да го пуштаат по сите портали, по сите телевизии, да го пуштат спонзорирано на фејсбук и на останатите социјални медиуми јас не можам да кажам ништо друго освен дека со врвни предавници имаме работа за жал почитувани пријатели.
На тоа ќе ставиме крај на 15 јули промените доаѓаат на 15 јули и вие ќе ги направите проблемите, вели Николоски.

Тој додава дека сакам од овде да го поздравами мојот политички противник Зоран Заев и Никола Димитров, и сите кои кумуваа на промената на името со една друга песна од Блаже Коневски.

Спаси ме Боже, од болните луѓе
што се накажани, та не се криви,
нивната злоба умерено суди ја,
самите од неа одвај се живи.
Тие се мислат повикани да водат
како Мојсија и другите пророци,
а самите не можат да се ослободат
и влечат по себе ситни пороци.

Дај Господе, што помалку очите да
им ги бодам – штом тие лево ќе фатат,
јас десно да одам.

-Се надева дека ова ќе е последната генерација на предавници која што било кога владеела со Македонија, на 15 јули ставаме крај, и ги праќаме на најтемните страни на историјата и ги правиме проблемите Доаѓа обновата за да имаме горди Македонци. Тие сакаат луѓе со свиткана кичма ние сакаме горди македонци тоа е суштинската разлика, рече Николоски.

Коронавирус