вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: СДСМ ги брка странските инвеститори, бидејќи странските инвестиции се конкуренција за олигарсите кои го поддржуваат СДСМ

Николоски: СДСМ ги брка странските инвеститори, бидејќи странските инвестиции се конкуренција за олигарсите кои го поддржуваат СДСМ

Во гостувањето на телевизија Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски потенцираше дека СДСМ не работи на привлекување на странски инвестиции туку напротив веќе избрка една странска инвестиција.

Станува збор за компанијата Веибо од Крива Паланка која остави неколку стотици паланчани без егзистенција. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ ова не го прави од незнаење туку од интерес. Бидејќи СДСМ го поддржуваат 20-тина олигарси кои се збогатија за време на криминалната транзиција и за кои странските инвеститори се закана и конкуренција.

-Оваа влада брка инвеститори видовме дека еден веќе замина, а со политиките кои што ги имаат очигледно дека демотивираат да дојдат и други. Голем број инвеститори кои што сакаа да инвестираат во Македонија сега се во Србија или во Бугарија и тоа не е случајно. Оваа влада ја поддржуваат една серија бизнисмени од онаа олигархиска структура која што го стекна богатството во деведесетите години. Кои што многу малце иновација имаат во себе и кои што многу малце го модернизираат својот производствен процес и единствено функционираат експлатирајќи ја евтината работна сила. Најдобар начин да си ги вратат високите профити кои ги имаа порано е да ги избркаат странските инвеститори, вели тој.

Николоски ги коментираше и изјавите на потпретседателот на владата и министри од економскиот ресор во кои владата се фалеше со 8 нови странски инвестиции. Тој истакна дека станува збор за една обична манипулација во еден се потесен и потесен медиумски простор контролиран од власта.

Според Николоски вистината е дека во Македонија откако новата влада ја превзеде власта донесени се нула странски инвестиции. Поради фактот што германската компанија ВИК донесе одлука да инвестира во Македонија и ја отвори фабрика во Прилеп во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е случајот и со Костал во Охрид која започнала со работа за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Чагатај е компанија која произведува делови за автобусите на Ван Хол кои веќе до години се произведуваат во Македонија благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, а пак Мурат Вајеринг Системс која одлуката да инвестира во Македонија ја има донесе исто така во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски вели дека оваа манипулација нема да помине во јавноста, бидејќи граѓаните помнат, а странските инвестиции беше сферата во која ВМРО-ДПМНЕ најдобро се снаоѓаше. Политиката на ВМРО-ДПМНЕ во однос на странските инвестиции е политика која секоја влада треба да ја поддржи, но СДСМ не треба да се кити со туѓи перја.