Во интервју за Курир, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски зборуваше за советниците што ги има премиерот Зоран Заев.
Тој вели дека иако Заев има 56 советници тие сепак не испорачуваат никакви резултати и дека ситуацијата во Република Македонија наместо да се подобрува баш напротив е катастрофална во било која област.
– Факт е дека се работи за едни други ангажмани а не ангажмани кои треба да се стручни а тоа е ангажмани на задоволување на одредени политички потреби. Тоа што е најтрагични е тоа што крупни бандити влегувуваат на такви позиции, нема друг збор и јас често зборувам дека во делот на политичката партија ДУИ има одредени структури кои се криминогени кои што ги злоупотребуваат позициите и власта, но за жал само во една друга политичка партија има повеќе бандити отколку во ДУИ а тоа е во СДСМ, рече Николоски.
Николоски додава дека нема друго објаснување зошто се зема за советник човек кој јавно говори дека ќе ослободел одредена област во Македонија освен тоа дека некој сака да се дружи со бандити.
Тој потенцира дека оттука по таа логика треба да се поканат бандити од сите области од економијата, од недозволена трговија со наркотици, од оние кои прават недозволива шумска сеча, оние кои што шверцуваат на граница и да ги имаат клучните бандити од секоја област и да даваат совети како Владата да стане побандитска затоа што нема друг начин како да се објасни ова што го прави Владата.