четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

Николоски: Радувањето на Заев, Димитров и Шекеринска на изјавата на Ципрас е дно и национално предавство

Николоски: Радувањето на Заев, Димитров и Шекеринска на изјавата на Ципрас е дно и национално предавство

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во вечерашното интервју за Македонската телевизија, рече дека она што дополнително го загрижува е што Заев, Димитров и Шекеринска се радуваат на изјавите на Ципрас пред кого потпишаа капитулација за Република Македонија.

-Она што ме загрижува е дополнителното тонење во предавства на актуелната власт затоа што вчера на пример се радуваа и на сите можни медиуми и социјални мрежи ја ширеа пораката на Алексис Ципрас. Тоа е за мене едно дно од кое за мене подолу нема. Значи пораката која што ја испрати Алексис Ципрас прво е порака од човек пред кого Зоран Зев, Никола Димитров и останатите потпишаа капитулација. Јас го разбирам Алексис Ципрас зошто тој е среќен затоа што веројатно ќе остане со златни букви напишан во грчката историја, постигна нешто што ниту еден грчки премиер не успеа да го постигне. Но, да се радуваат Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и останатите за мене е дно, вели Николоски.

-Понатаму, ги омаловажува во таа своја порака, цитирајќи стихови од Блаже Коневски кои што зборуваат за згазеното племе и глувото семе кое што не рти. Мислам дека поголема симболика што тој за жал се уште луѓето околу него мислат за Македонија и за македонците. И да се радуваат со тоа и да го пуштат во јавност е под секое достоинство и не може да се нарече никако поинаку освен национално предавство, истакна тој.

Во однос на преговорите на комисијата за Гоце Делчев, Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара за Гоце Делчев бидејќи историската наука кажала дека Делчев бил Македонец кој што се борел за Македонија, а историско лингвистичка наука кажува дека македонскиот јазик е засебен автохтон јазик.

-Ако комисиите се стручни и се на научна основа секаде во светот ги има. Но, ако комисиите се под политичко влијание како што се за жал во моментот тие не можат да продуцираат наука. Наука може да продуцираат научници, не може да продуцираат политичари. Во моментот за жал, политичарите продуцираат наука за жал и таа е лажна наука. На пример комисиите преговараат и после тоа излегува Стево Пендаровски и вели па добро сега ајде да се договориме Гоце Делчев бил бугарин. Тоа е недозволиво, тоа е исто така предавство и капитулација и ние тие работи нема да ги дозволиме, не планираме да преговараме кој бил и што бил Гоце Делчев. Историската наука кажала дека бил Македонец кој што се борел за Македонија. Историската лингвистичка наука кажува дека македонскиот јазик е засебен автохтон јазик и нема тука дискусија и преговори, вели Николоски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша во науката и нема да има никаков притисок, Николоски рече: Апсолутно не, затоа што науката го покажала ова што јас го зборувам. Ова не се мои зборови ова се зборови на науката.

Коронавирус