понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 74
home Вести

Николоски: Работа на Пендаровски му е да носи пари и работни места, а не да се враќа со флоскули од Брисел

Николоски: Работа на Пендаровски му е да носи пари и работни места, а не да се враќа со флоскули од Брисел

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното издание на “Студио 10” на Телевизија 24 истакна дека работата на претседател на една сиромашна држава со 2 милиони граѓани е да носи нови работни места и пари, а не да отпатува за Брисел и да се врати без ништо. Што имаат граѓаните од тоа негово патување доколку тоа не е некој економски бенефит.

-Го гледаме претседателот на Србија, Александар Вучиќ како се враќа од Брисел со 650 милиони евра грант за брза пруга од Белград до граница со Македонија. Тоа ќе значи илјадници нови работни места и зголемување на плати. И го гледаме Стево Пендаровски кој што се враќа од Брисел со многу убави флоскули и ништо конкретно за македонските граѓани. Прашањето е кој е економскиот бенефит за македонските граѓани од неговата посета. Бенефитот е нула. На крајот така се мерат политиките. Политиките се мерат со тоа дали имате или немате подобар живот, вели Николоски.

Подобар живот се подразбира тоа да седне човек на железничка станица во Скопје и за час и половина да е во Солун, рече Николоски.

-Да се товари робата од слободните економски зони и за два или два ипол часа да е товарена на брод во Солун. А тоа со флоскули не се прави. Јас да бев на местото на Стево Пендаровски немаше да си заминам од Брисел додека не добијам барем ветување дека тоа ќе се реализира. Немаше да продавам високи политики и да разменувам мислења. Претседател на една сиромашна држава со 2 милиони граѓани, му е работа да носи пари и работни места. За жал тој тоа не го прави и Македонија економски тоне, посочи Николоски.

ЕУРО 2020

Македонија