вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 111
home Вести

Николоски: Пратениците од позицијата можеа да го употребат ЕУ знаменцето за петтиот пакет мерки, но не сакаа бидејќи во буџетот немаа пари за исплата

Николоски: Пратениците од позицијата можеа да го употребат ЕУ знаменцето за петтиот пакет мерки, но не сакаа бидејќи во буџетот немаа пари за исплата

Причината зошто петтиот пакет на мерки не се гласаше во Собранието е затоа што немаше пари. Јас еднаш го кажав тоа и никој не го демантираше. Петтиот пакет на мерки на седница на влада на 17-ти февруари и утре денат стигна во Собрание. Претседателот на Собранието закажа седница дури за 24-ти март. Значи за дигитализација или за други закони може со европско знаменце да се пуштаат од денес за утре, а петтиот пакет на мерки беше закажан после еден месец и седум дена. Зошто, затоа што Министерството за финансии во меѓувреме требаше да издаде евро обврзница и да обезбеди 700 милиони евра за да имаат пари да исплатат, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во “Студио 10” на Телевизија 24.

ВМРО-ДПМНЕ постојано повикуваше да се стави тој пакет на мерки на гласање но, Талат Џафери велеше дека во Собранието имало процедури и дека не може така, изјави Николоски.

-Кога конечно решија да го стават тој пакет на мерки, а почна притисокот од стопанството на седница на пратенички прашања им рековме дајте да се откажеме од прашањата и да одиме да го изгласаме пакетот мерки. Прво реагираа, па прифатија. Но, Талат Џафери повторно не ја закажа седницата бидејќи не добил од Комисијата двојазично известување односно записник. Што според мене тоа не е по закон, за да конечно буквално да го молиме да го стави на дневен ред и тој да почне да уценува со други седници. Џафери имаше наредба да дојдат евро обврзниците па да ја закаже седницата. Дојдоа парите и се изгласаа петтиот пакет мерки, посочи Николоски.

ЕУРО 2020

Македонија