понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 129
home Вести

Николоски: Потребно е Македонија како држава да извади заеднички усогласена надворешна и безбедносна политика која што ќе е прифатена од сите политички партии

Николоски: Потребно е Македонија како држава да извади заеднички усогласена надворешна и безбедносна политика која што ќе е прифатена од сите политички партии

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување зборуваше за членство на Република Македонија во ЕУ каде тој јасно укажа како оди целата процедура.

-Македонија доби одлука дека во иднина ќе се определи датум за почеток на преговори доколку сите држави членки на ЕУ за тоа се усогласат. Таа одлука ќе се разгледува во јуни дали кога и како Македонија ќе почне преговори.Во ЕУ нема одлуки за членство ако не гласаат сите за, а во одлуката се вели дека за да сите гласаат за мора да биде испочитувано мислењето на Бугарија коа се сведува на бришење на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската историја и тоа е барањето на Бугарија. Ова е основната причина зошто власта го криеше овој документ. Овој документ е усвоен на 25 март , а власта на 26 март не излезе да каже дека имаме проблем со Бугарија. Власта прво проба да го релативизира и тоа било став на една држава членка. Дали е на 1 или 2 е исто затоа што таму се гласа со согласнот на сите држави, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување.

Во врска со ова Николоски посочи дека после сетоа ова СДСМ почнаа да ја игнорираат темата за вчера се виде дека има трета фаза да се убедува македоснкиот јазик дека македонскиот народ не е македонски народ туку бугарски народ.

-Она што ние можевме да го направиме и го извадивме документ за да го видиме целата јавност, второ жестоко да реагираме и трето тоа што го понудив е Македонија конечно како држава да извади заеднички усогласена и бебзедносна политика која што ќе е прифатена од сите политички партии и која ќе е обврска за секој сегашен и иден министер за надворешни работи, за внатрешни работи, за одбрана и на директорите на УБК да не смеат да отстапуваат.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија