вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Потребна е влада за национален спас за да се надминат последиците од корона кризата , но и за надминување на проблемот со Бугарија

Николоски: Потребна е влада за национален спас за да се надминат последиците од корона кризата , но и за надминување на проблемот со Бугарија

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за проблемот со Бугарија како и за битката со здравствениот и економскиот аспект и посочи дека поради ваквите проблеми ВМРО-ДПМНЕ бара влада за национален спас која од една страна ќе се избори со економските и здравствените последици со корона кризата но и со проблемот со Бугарија.

-Она што мене ме загрижува е она што и се случува на Македонија како држава. Имено и во проблемот со Бугарија и во битката со здравстениот и економскиот аспект на кризата како два најголеми проблеми кои ги има во моментов во Македонија не се користат најдобрите умови, не се користат најпаметните луѓе и нема една ширина кај власта да ги употреби истите. Паметни држави кога ќе се случат вакви големи кризи, а ова за Македонија е најголема криза по осамостојувањето, паметни држави ги повикуваа најдобрите луѓе кои ги имаат без разлика на политичката профилација, градат заеднички ставови и се обидуваат да се изборат, вели Николоски.

Тој додава дека затоа ние бараме влада за национален спас која ќе се избори од една страна со економските и здравствените последици на корона кризата, од друга страна ќе се спротистави на националните понижувања од Бугарија и ќе најде начин да го отвори патиот за интегрирање на Макдонија во Европската Унија.

-Тоа може само најпаметните и најспосбните да го направат со една широка општествена и политичка поддршка тоа секако го нема во оваа влада на Зев, рече Николоски во своето гостување.

Коронавирус