сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 28
home Вести

Николоски: Поради СДСМ Македонија е доведена во ситуација да европските држави не сакаат да започнат преговори за членство

Николоски: Поради СДСМ Македонија е доведена во ситуација да европските држави не сакаат да започнат преговори за членство

Во денешната емисија „Топ Тема“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој посочи дека да се беше во ред во Македонија, да имаше спроведено реформи оваа Влада ќе добиеше датум уште лани.

-Ако се беше во ред Македонија требаше да добие датум за почеток на преговори во јуни 2018 година. Ова е втора утешна награда која што структурите на владата се обидуваат да ја промовира. Треба да се вратиме на основите, а тоа е дека се до потпишувањето на Преспанскиот договор практично не постоеше ниту една пречка освен ветото кое што Грција секоја година го ставаше на одлуката за почеток на преговори помеѓу Македонија и ЕУ, појасни Николоски.

Николоски во текот на емисијата рече и дека:

„За да нас ни се случи да на 17 јуни минатата година се потпише тој Преспански договор и на 29 јуни ЕУ односно Советот да донесе одлука дека нема Македонија да започне преговори за членство. И да се одложи одлуката за една година. Тогаш прво премиерот Заев даваше изјави дека сме добиле датум за почеток на преговори со ЕУ и тоа е јуни 2019 година. За да потоа го посоветуваат околу него дека тоа не е баш така. Па да се каже дека ќе се одлучи во јуни 2019 година. Па гледавме изминативе неколку недели како се напаѓаа европските лидери на чело со Меркел директно и индиректно. Како тие да се виновни ова што се случува. Се ветуваа оставки на влада и предвремени избори за да сега се бега од таа работа и да се поставува октомври како датум“.

Николоски додаде дека тој лани во април кажал ако не се спроведат реформите, а лани не се спроведоа и нема да има датум.

-Македонија е доведена во ситуација да европските држави не сакаат да започнат преговори за членство. А, камоли да зборуваме за членство. Што е резултат на едно тотално фијаско. Тоа фијаско е во два дела, првото е неиспорачување на реформи, цвета корупција во државата, економијата оди наназад, немаме јасен систем на владеење на правото. Вториот дел од фијаско е апсолутно погрешната стратешка одлука донесена минатата година да влеземе во ист пакет со Албанија, истакна Николоски.