сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Поднесуваме прашања за доверба на владата, треба да се формира Влада на национален спас

Николоски: Поднесуваме прашања за доверба на владата, треба да се формира Влада на национален спас

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека тие ќе поднесат прашања за доверба на Владата предводена од Зоран Заев, откако тој одби да си поднесе оставка, затоа што доживеа неуспеси во сите полича, од справувањето со корона вирусот, до економската криза и евроинтегративниот процес.

Тој во емисијата „360 степени“ која се емитува на телевизија Алсат, истакна дека по изласувањето недоверба на Владата треба да се формира Владата на национален спас, за излез од здравствената, економска и интегративна криза предизвикана од блокадата од Република Бугарија.

„Ние побаравме оставка од премиерот Заев. Тој за жал не ја даде и затоа поднесуваме прашања за доверба на владата и после тоа да се формира една Влада на национален спас, за која што поддршка би дале сите политички партии застапени во Собранието и во која што, најголемите умови во оваа држава, најстручните луѓе би се собрале за да извадат државата од овие три кризи кои што ги споменав. А, после тоа да одиме на предвремени избори на кои што повторно би се избала политичка Влада.“, рече Николоски.

Тој појасни дека Владата и министерот за здравство, Венко Филипче многу лошо ја менаџираат пандемијата со корона вирусот, при што напомена дека кога во Македонија имавме по околу 30-тина нови заразени случаи не ставаа во целосни карантини, а сега кога имаме по над илјада заразени дневно, нема ниту карантин, ниту пак полициски час.

„Менаџментот е многу лош, кога имавме по 30, 40 или 50 заболени дневно се воведуваше карантини. А, денес кога има по 1200, 1300 заболени дневно не се воведува карантин или полициски час. Јас не знам дали тогаш беше правилно или не, не знам ни сега дали е правилно или не, тоа треба да го кажат експертите. Но, очигледно е дека тука не гледаме експертиза.“, истакна Николоски.

Поради овие причини, Николоски вели дека побарале формирање специјална, експертска и надпартиска комисија за справување со пандемијата. Освен во здравството, ВМРО-ДПМНЕ бара излез и од економската криза, како и решенија за евроинтеграцискиот процес и односите со Бугарија.

Коронавирус