четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 59
home Вести

Николоски: Победата на Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев!

Николоски: Победата на Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев!

Во своето гостување во емисијата „И што сега“ на МРТ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски повикувајќи се на изјавата на Заев, истакна дека победата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, ќе значи пад на владата на Заев.

Николоски е убеден дека Пендаровски ќе ги загуби претседателските избори и се надева дека во најкус можен рок ќе се случат предвремените парламентарни избори.

-Јас во однос предвремени избори го следам она кое што го кажа Зоран Заев. Тој денеска спомена дека доколку Стево Пендаровски изгуби, Владата ќе падне и ќе се случат предвремени избори. Еве да го држиме за збор, Пендаровски ќе изгуби на претседателските избори и се надевам дека Заев ќе си го одржи зборот. Односно победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев и значи вовед во парламентарни избори кој што се надевам ќе се случат во најкус можен рок, вели Николоски.