недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Николоски: Победата мора да биде силна и голема за никој да нема дилема во формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Победата мора да биде силна и голема за никој да нема дилема во формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Ја имав честа да ја отворам традиционалната ораторска вечер „Петар Поп Арсов“ во Велес во организација на УМС. УМС секогаш била авангарда и мора да продолжи да биде основниот двигател на Република Македонија, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Мандатот на Заев е многу пократок од тоа што тие планираа. Тоа е таа така затоа што изврши национално предавство, затоа што економски ја опустоши Македонија, затоа што ја продаде историјата, воведе двојазичност. Тоа е причината затоа што Зоран Заев завршува на најтемните страници на историјата, рече Николоски и додаде:

„Ова нема да е лесна битка, битка во која што сечиј ангажман е потребен. Потребни сте сите вие. Победата мора да биде силна и мора да биде голема за никој да нема дилема во формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Бидете бунтовни, бидете критични, критикувајте не секогаш кога треба и заеднички ќе ја извадиме Македонија на прав пат!“.

Коронавирус