сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 75
home Вести

Николоски: Поарди лошите политики на СДСМ и Заев, Македонија влегува во едно непосакувано сценарио поврзано со инфлацијата која наминува над 3%

Николоски: Поарди лошите политики на СДСМ и Заев, Македонија влегува во едно непосакувано сценарио поврзано со инфлацијата која наминува над 3%

Има една работа која што во јавноста некако не се спои со влечењето на овој петти пакет на мерки, а тоа е издавањето на еврообврзницата. Имено буџетот беше празен и немаше пари да се реализираат овие мерки и власта чекаше да се издаде оваа еврообврзница, да ја купат оние кои што се заинтерсирани, да влезат парите во буџетот и да можат да се исплатат. Ако теоретски поминеше на 20 февруари, на 1 март требаше да има исплата,а немаше пари во буџетот и власта се со цел да се одложи процесот на гласање, наместо чесно да го каже вака како што јас го кажувам, мислам повеќе ќе ги разбереа граѓаните, но мораа да прават циркуси какви што правеа и на крај самите изгубија, а дека не им е добра работата е она што го имаме како последни податоци кои што сакам јас да ги сподела ексклузивно вечерва и не се споделени во јавноста, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Клик Плус“.

Николоски во текот на своето гостување посочи дека во моментот Македонија влегува во едно непосакувано сценарио поврзано со инфлацијата и во моментот реалната инфлација надминува над 3%.

-За жал Македонија влегува во едно непосакувано сценарио поврзано со инфлацијата. Повозрасните се сеќаваат на едни трауми од деведесетите години кога инфлацијата галопираше и имено ова што ќе кажам се официјални податоци на Народна Банка. Народна Банка ја проектираше инфлацијата мината година 1.5%, а веќе во моментов има корегирана проекција на 2.2 %, а реалната инфлација веќе надминува 3 %. Особено поскапува храната, електричната енергија, енергенсите, а се очекува да поскапи и нафтата.Ова се официјални податоци кои јас ги кажувам. Најдобар доказ за ова што го зборувам е кога граѓаните кога ќе одат во било која продавница или маркет и кога ќе споредат што може да купат денес за 1000 денари, а што можеле да купат пред една година за 1000 денари и ќе видат дека цените се пораснати. На пример сончогледовото масло за јадење е пораснато скоро 60% со цените порано, кажа Николоски.

Тој во своето гостување укажа и на задолжувањето кое е многу загрижувачко во овој момент.

-Втора работа која мене лично многу ме загрижува во економијата е порастот н задолженоста и во апсолутни бројки и веќе надминува 7.5 милијарди, но Зоран Заев во една дебата во Собранието инситираше да одиме во проценти и еве проекцијата е дека оваа година ќе расте за 2.5% задолженоста во однос на бруто домашниот производ и веќе некаде ќе стигне до 63-64% што е пробивање на онаа психолошка бариера од 60% од бруто домашниот прозивод, додаде Николоски.

ЕУРО 2020

Македонија