сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 98
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Николоски: Планот на Заев и СДСМ да се зaбoшоти Рекет пропадна

Николоски: Планот на Заев и СДСМ да се зaбoшоти Рекет пропадна

На секаков начин СДСМ се обидува да избегне одговорност од криминалот, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата Топ Тема. Тој истакна дека главно прашање деновиве е што разговар Зоран Заев и Вице Заев со обвинетите во случајот „Рекет“ неколку дена пред тие да бидат уапсени. Николовски вели дека постоел мастер план за забошотување на случајот „Рекет“, план кој пропаднал поради објавувањето на снимките во „Ла Верита“.

-Двајцата браќа Заеви имале средба на веќе во тој момент јавно познат случај „Рекет со двајца од тројцата осомничени. Три дена бегаат од јавноста да кажат за што зборувале. Јавното обвинителество не ги објавува разговорите, не ги објавува разговорите ги објавува само видео снимките кои што мора да ги има стекнато затоа што јасно е кажано дека се барани наредеби и за физичко следење и за аудио и за видео. Попладнево Вице Заев имаше демант во кој не демантираа ништо затоа што сите го видовме она што го видовме во медиумите. Моето прашање до Вице и до брат му Зоран да кажат што зборувале со Катица Јанева и со Зоран Милевски Кичеец неколку дена пред да бидат уапсени и едниот и другиот. Дали се спремал мастер план за забошотување на случајот „Рекет“, и дека тој мастер план им го расипал објавувањето на смиките во италијанскиот медиум „Ла Верита“.

Парламентарни избори 2020