понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 68
home Вести

Николоски: Оваа табла сведочи за неспособноста на Заев и СДСМ, она што требаше да е експресен пат Градско – Прилеп денес е пустелија и пропаѓа

Николоски: Оваа табла сведочи за неспособноста на Заев и СДСМ, она што требаше да е експресен пат Градско – Прилеп денес е пустелија и пропаѓа

Оваа табла сведочи за НЕСПОСОБНОСТА на Заев и СДСМ, она што требаше да е ЕКСПРЕСЕН пат Градско – Прилеп денес е пустелија и пропаѓа, пишува на својата Фејсбук страница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Експресниот пат почна да се гради во 2015 година, само година и половина подоцна во 2017 година кога Заев дојде на власт го СТОПИРАШЕ и до денес не се гради, а прилепчани, битолчани, ресенчани, могилчани, демирхисарци и крушевчани возат по ТЕСНИОТ и ОПАСЕН пат, по Дервенската клисура и Плетвар.

За ВМРО-ДПМНЕ по победата на изборите ИЗГРАДБАТА на овој ЕКСПРЕСЕН ПАТ ќе е ПРИОРИТЕТ број еден!, ветува Николоски.

Коронавирус