среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 151
home Вести

Николоски: Оваа држава треба да остане да се вика Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот

Николоски: Оваа држава треба да остане да се вика Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот

Оваа држава се вика Република Македонија и треба да остане да се вика Република Македонија, тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.  ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „24 Анализа“ на Телевизија 24.

-Процесот треба да биде во рамките на Обединетите Нации, инаку Македонија ќе биде губитник.  Грција е далеку посилна од Македонија, и ние тој притисок и уцена од Грција го чувствуваме, рече Николоски, кој додаде дека треба прво да се види пакетот за името, за да може да се даде конкретно мислење.

Николоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот. Додаде дека и ВМРО-ДПМНЕ додека била на власт преговарала за името, но тој нема детали, и за тоа вели дека да се прашаат преговарачите.

Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не е на „нож“ со САД и дека во нив гледаат партнер.

 

Одговорноста за одлуките е на Владата, доколку решението е лошо нема да го поддржиме

Николоски рече дека одговорноста за донесените одлуки е на Владата. Тој додаде дека во овој момент Владата го води процесот сама, еоа е нивна одлука и може да си го води така процесот.

-Во секоја држава има власт и опозицијата. Одговорноста за одлуките е на Владата. За ние да се изјасниме за преговорите, прво треба да има договор, а сега договор нема, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема причина да не и се даде шанса на оваа Влада да најде решение. Тој нагласи дека доколку решението е лошо, тие секако нема да го поддржат, но доколку е спротивно ќе го поддржат.

Локални избори 2021