понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 173
home Вести

Николоски: Откако на СДСМ и нивните сателити не им успеа планот за уривање на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат преку спинови да направат раздор во раководството на партијата

Николоски: Откако на СДСМ и нивните сателити не им успеа планот за уривање на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат преку спинови да направат раздор во раководството на партијата

Откако на СДСМ и нивните сателити не им успеа планот за уривање на ВМРО-ДПМНЕ, во напад на паника заради нереализираната цел, се обидуваат преку спинови, извртување на тези и полувистини да направат раздор во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Фејсбук.

-Така се следат сите мои изјави и интервјуа, од нив се вадат од контекст зборови или тези кои кога ќе се погледне интервјуто значат едно, кога ќе се испинува значат друго. Знаеме покрај реализаторите кои се и инспираторите. Луѓе кои повеќе не се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Интересно е како овие луѓе кои долго кажуваа дека се столбот на ВМРО-ДПМНЕ наеднаш се координираат и договораат лажни медиумски спинови со перјаниците на владината пропаганда. Обидот е јалов зашто е прочитан. Имам само едно да порачам и на реализаторите и на нарачателите „гладна кокошка просо сонува“, додава Николоски.

Коронавирус