недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Освен во криминал Македонија е западната во економска криза, неспособноста на оваа Влада оди до таму граѓаните да се прашуваат дали ќе има парно греење, тоа мора да се промени

Николоски: Освен во криминал Македонија е западната во економска криза, неспособноста на оваа Влада оди до таму граѓаните да се прашуваат дали ќе има парно греење, тоа мора да се промени

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија вели дека на овие избори мора да се одговорат некои прашања како дали ќе се продолжи со корупцијата, дали ќе има нормални цени или дали ќе има парно греење, а земјава е западната во економска криза, а неспособноста на власта е очигледна и не може да се носи со тие предизвици, затоа тоа мора да се реши на овие локални избори.

-На овие избори се гласа дали власта ќе се промени, дали Зоран Заев ќе се оди или ќе продолжи да ја уништува Македонија, дали Зоран Заев ќе потпише нов договор со Бугарија, во кој што ќе ја понижи Македонија или националните предавства ќе бидат спречени, дали ќе продолжи корупцијата или истата ќе се исчисти, дали оваа зима нема да има електрична енергија или ќе има или не парно греење е до таму е стигната работата, дали ќе имаме нормални цени по изборите, тие се прашањата кои треба да се одговорат на овие избори, истакна Николоски.

Николоски вели дека овие дилеми треба да бидат решени на избориве, затоа што Заев ја донесе Македонија буквално до бездна, затоа е потребна масовна излезност на граѓаните за вториот круг.

Николоски посочи исто така дека лесна задача нема да бидат реформите во Македонија, затоа што Македонија е во континуирана криза од 2015 година, откако се објавија прв пат политичките разговори, второ земјава е потоната во тешка корупција, и трето постои една огромна неспособност на структурата на власта за реализација на проектите како планираните автопати кои се оставени, како Кичево – Охрид кој требаше да заврши 2019 година, или Скопје-Штип обиколницата и обиколницата кај Радовиш, Прилеп-Градско, кои да се реализираа до сега немаше да има оставено оваа власт толку неспособност, вели Николоски.

-Во случај кога светот се соочува со сериозна економска криза која ќе трае, затоа требаат сериозни одлуки, ќе биде тешка зима, затоа претходно се повикав на прашањата дали ќе има основни работи како електрична енергија и греење за граѓаните, за сево ова треба сериозен професионален тим, ВМРО-ДПМНЕ го има најдобриот економски тим во Македонија, без конкуренција, мислам дека ќе може да се носи со сите предизвици, потенцира Николоски.

Николоски истакна дека најидеална опција е градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Влада од ВМРО-ДПМНЕ, за да може да се исправаат работите во Македонија, а луѓето во земјава се попаметни него ли што мисли Зоран Заев и тоа се видело до сега, но ќе се види на 31 октомври.

Коронавирус