сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 9
home Вести

Николоски: Одговорноста за одлуките е на Владата, доколку решението е лошо нема да го поддржиме

Николоски: Одговорноста за одлуките е на Владата, доколку решението е лошо нема да го поддржиме

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека одговорноста за донесените одлуки е на Владата.

Николоски рече дека во овој момент Владата го води процесот сама, еоа е нивна одлука и може да си го води така процесот.

-Во секоја држава има власт и опозицијата. Одговорноста за одлуките е на Владата. За ние да се изјасниме за преговорите, прво треба да има договор, а сега договор нема, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема причина да не и се даде шанса на оваа Влада да најде решение. Тој нагласи дека доколку решението е лошо, тие секако нема да го поддржат, но доколку е спротивно ќе го поддржат.

Коронавирус