понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Николоски: Одговорност од Димитров за Рекет-знаел, а не пријавил – Дали и кај него завршил дел од рекетот?

Николоски: Одговорност од Димитров за Рекет-знаел, а не пријавил – Дали и кај него завршил дел од рекетот?

Во телевизиски дуел со Никола Димитров уште на 18-ти Септември оваа година го кажав тоа што вчера и во суд излезе на виделина. Димитров знаел за Рекет ама не пријавил! Знаел дека Боки 13 и компанија подржани и координирани од врвот на СДСМ рекетирале, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Фејсбук.

Знаел дека од еден стопанственик од истокот на Македонија побарале 2 милиони евра! Знаел дека затоа што човекот не се согласил да плати бил изложен на терор од СЈО и неосновано гонет! Знаел дека тој човек има и висока дипломатска титула- почесен конзул на Латвија- земја членка на ЕУ! Знаел а не пријавил! Тоа го прави сооучесник.

Според Кривичниот законик одговараат и оние кои прикриваат кривични дела и нивни сторители. И уште нешто- ако е така како што тврди Димитров дека со амбасадорот не зборувале на таа тема има едноставен начин да ги затвори дилемите во јавност- само нека ја покаже белешката од разговорот со амбасадорот. Но како што имам информации белешка од тој разговор нема, затоа што Димитров не сакал во официјален документ на МНР да стои тоа што тој го слушнал за Рекет. Ако образложението му е дека бил неформален разговор добро знае или треба да знае дека таква работа во дипломатијата нема! Белешка мора да има од секоја комуникација со амбасадор. Ако ја има нека ја покаже или достави до суд!

Во спротивно треба да поднесе оставка од Министер, а Јавното обвинителство треба да го гони за прикривање на сторители на тешко кривично дело.

Во продолжение краток исечок од емисијата на 18-ти Септември.
Пред фактите и боговите молчат!

Коронавирус