вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 165
home Вести

Николоски од Загреб: Доналд Туск силно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања

Николоски од Загреб: Доналд Туск силно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски е на конгресот на Народната Европска Партија во Загреб каде ќе се избира нов претседател на Европската народна партија, ова денеска за Алфа телевизија го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Ние го започнавме работниот дел со многу билатерални средби, утрово имавме средба со претседателот на ЕУ Доналд Туск кој што е фаворит за претседател на европската народна партија и се очекува денеска да ја освои довербата на делегатите на Европската народна партија и да стане претседател на најмоќното политичко семејство во Европа, вели Николоски.

Тој додава дека Туск го започнал денот со средба со ВМРО-ДПМНЕ на која што бил информиран за состојбата во Македонија и работата на ВМРО-ДПМНЕ, подготовките за следните парламентарни избори како и замолиле за поддршка од Европската народна партија.

-Туск силно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања и тој смета дека тоа е политичката партија која што треба да ја води Македонија напред. Информиравме за сите оние недостатоци кои ја има владата на СДСМ, но во исто време лобиравме Македонија и граѓаните да не се заложник на овие лоши политики и Македонија да оди напред во евроинтеграцискиот процес, вели Николоски.