четврток, 13. август 2020. Вести денес: 159
home Вести

Николоски од Росоман: Загарантиран откуп и навремена исплата на земјоделските производи, нема да дозволиме никој да им јаде трудот и маката на земјоделецот

Николоски од Росоман: Загарантиран откуп и навремена исплата на земјоделските производи, нема да дозволиме никој да им јаде трудот и маката на земјоделецот

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4 Александар Николоски, денеска на последниот ден од изборната кампања, пред жителите на општина Росоман, вети испитување на потеклото на капиталот на политичарите и носителите на јавни функции во изминатите 30 години, посочувајќи дека доколку се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата ќе мора да го врати стекнатиот имот.

После 15 јули ќе се донесе овој закон и ќе се испита потеклото на капиталот да знаеме кој работел чесно, а да знаеме кој работел нечесно. На тие што работеле нечесно како што е редот да им се оданочи за 70 проценти и да се врати кај народот и да се покрене кривична одговорност таму каде што има потреба, вели Николоски.

Николоски, рече дека силен фокус ќе се стави на земјоделието, истакнувајќи дека нема да дозволат некој да им го јаде трудот и маката на земјоделците.

Силен фокус на земјоделието, не смееме да дозволиме ситуација во која што вие  ќе работите а некој друг ќе ви го јаде трудот. Не смееме да дозволиме ситуација земјоделците со испукани раце и со солзи во очите, а 5 до 6 луѓе дел од зелената мафија да бидат милионери. Не смееме да дозволиме ситуација во која што без пари ќе ви го откупуваат родот, а потоа ќе ви го продаваат за 4 до 5 пати повисоко, рече Николоски.

Ќе има гарантирана цена на производите и навремена исплата со еден голем фонд кој што државата ќе го определи од околу 200 милиони евра кои што треба да значат гарантиран откуп на земјоделските производи, вети Николоски.

Помош на земјоделците од елементарни непогоди, како што беше оваа зима со мразот со кајсијата и праската. Таква работа не смееме да дозволиме. Мора државата да помогне кога се случуваат такви непогоди, кажа Николоски.

Николоски ги повика граѓаните да излезат на масовно референдумско гласање, да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија и заедно со граѓаните да ги донесат промените и да ја обноват Македонија.

Уште еднаш сакам да ве замолам на масовна референдумска излезност на овие избори. Тоа е клучот на овие избори излезете и поддржете го бројот 14 и коалицијата за Обнова на Македонија. На овие избори сме обединети како никогаш претходно, изјави Николоски.

Коронавирус