сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 73
home Вести

Николоски: Од големо најавуваната реконструкција на владата не се случи ништо и денешната акција е токму резултат на покривање на таа работа

Николоски: Од големо најавуваната реконструкција на владата не се случи ништо и денешната акција е токму резултат на покривање на таа работа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на новинарското прашање „Кој е нивниот став за ново избраните министри“ вели дека од големо најавуваната реконструкција во Владата не се случило ништо

-Нови избрани министри, да не ме сфатите погрешно немаме. Од големо најавуваната реконструкција на владата не се случи ништо и денешната акција е  токму резултат покривање на таа работа. Имаме од глупост во глупост влегување од ден во ден, видовте вчера со што се занимаваше министерството за здравство за да вечерта ретерираат после сериозните  реакции на јавноста. Имаме од скандал во скандал и не знаат како да излезат и влегуваат во вакви работи. Ако ја гледате таканаречената реконструкција на владата имате еден министер кој што од здравствени причини се повлече, природно дојде друг човек на  негово место, му посакувам на господинот Асаф Адеми добро  здравје и се најдобро. Имате втор министер кој што ротира од позиција икс на позиција ипсилон, имате трет министер кој што оди во министерство во кое што и претходно нешто него видовме министерството за локална самоуправа и на тоа се сведува реконструкцијата.  И имате желба на Зоран Заев да го контролира државното кесе со цел да може да функционира системот „евро за евро“. Така што реконструкција практично и да немаше, потенцира Николоски.