среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николоски од Брисел: Mакедонските граѓани да не бидат казнети заради Заев, Македонија има европска иднина, а граѓаните ќе го казнат Заев на предвремени избори

Николоски од Брисел: Mакедонските граѓани да не бидат казнети заради Заев, Македонија има европска иднина, а граѓаните ќе го казнат Заев на предвремени избори

Во рамки на посетата на Брисел и на Парламентарното Собрание на Европската Народна Партија остваривме бројни средби, пред се со раководството на Европската Народна Партија, со претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол. Кои што ги информиравме за актуелните случувања во Македонија, ова преку соопштение до јавноста го информира Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Информиравме за аферата „Рекет“, за корупциските скандали, за економското уназадување на Македонија, како и за обидите на власта да ги сокрие овие скандали. Разговаравме и за неопходноста за брзи предвремени избори на кои што граѓаните јасно ќе покажат каде сакаат Македонија да оди, и ќе каже што мислат за оваат власт. Исто така разговаравме и за можноста Македонија да отпочне преговори за членство со ЕУ. Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да стане членка на ЕУ. И заради неспособноста на Заев не смеат да бидат казнети македонските граѓани. Напротив македонските граѓани ќе го казнат Заев на следните предвремени парламентарни избори за кои што интензивно разговараме тука во Брисел, потенцира Николоски.

Тој додава дека за истото ги информиравме и претсавниците на Европската Комисија со кои што имавме денес средби, а во текот на утрешниот ден и ќе ги информираме преставниците на Европскиот Парламент. Во Европскиот Парламент има нов состав, многу нови пратеници и ќе се обидеме со неколку од нив, со најзначајните од најзначајните земји да поразговараме утре.

-Иднината на Република Македонија е во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ може да го постигне тоа, но за тоа треба Владата на Заев да замине час поскоро. И тука се обидуваме да ја добиеме поддршката во Брисел. Се надеваме дека европските народни партии како и останатите ќе застанат позади прогресот на Македонија, истакна Николоски.

Коронавирус