вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 44
home Вести

Николоски: Од 52-то место во 2012 година, со оваа Влада на Зоран Заев стигнавме до 111-то по перцепцијата за корупција, се случува уназадување на сите процеси

Николоски: Од 52-то место во 2012 година, со оваа Влада на Зоран Заев стигнавме до 111-то по перцепцијата за корупција, се случува уназадување на сите процеси

Ако ги гледаме периодот од 2016 година до 2021 година влошување на состојбата во Македонија во сите сектори кои се поврзани со владеење на правото и наместо да се случат промени на подобро, се случуваат промени на полошо и ако Македонија најдобра беше на 52-то место таму некаде во 2011,2012 година, стигна за жал со претходната влада до 90-то место, а со Владата на Зоран Заев стигна и до 111-то место по перцепција за корупција, вели Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вечерва во „Трилинг“ на 24 Телевизија.

Николоски истакна дека тоа е само показател дека во државата се случува тренд на уназадување на процесите и за жал политичката криза во Македонија трае веќе шестта година од 2015-та година, Втора Светска војна траела четири години на овие простори, а кризата трае веќе шест години што не е нормална ситуација и е причина за заминување и иселување на граѓаните од земјава.

-Ова е доказ дека политичките елити потфрлиле во справувањето со кризата во Македонија, вели Николоски.

ЕУРО 2020

Македонија